Дневниот број на нови случаи на коронавирус во Русија денеска за прв пат надмина 200.000.
Во последните 24 часа во таа земја се потврдени 203.949 новозаразени лица, а починале 722 пациенти.
Речиси 20.000 луѓе се хоспитализирани во текот на изминатиот ден, пренесува Интерфакс.
Во Русија од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 13.731.794 случаи на инфекција со коронавирус, а починале 338.813 лица.