263 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Од:

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 263 пешаци. При тоа 217 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 38 за минување на црвено светло…Од нив 81 на територија на СВР Скопје, 39 на територија на СВР Тетово, 36 на територија на СВР Битола, информираше портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

„За време на контролата регистрирани се и 122 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, рече портпаролот на МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он