269 сообраќајни прекршоци во Скопје, 81 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 20 мерки за недавање предност на пешаци, 81 санкција за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, 65 за непрописно паркирање, соопшти МВР.

Од Министерството велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава