Бајден го отфрли извештајот во кој се критикуваат САД за повлекувањето од Авганистан

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли заклучоците од декласифицираниот извештај за кој пишуваше Вашингтон пост, во кој американската војска го критикуваше начинот на кој Белата куќа управуваше со повлекувањето на САД од Авганистан.

– Немаше вистински момент за повлекување од Авганистан, изјави Бајден во интервју за Ен-би-си.

Тој додаде дека ги отфрлил заклучоците од извештајот.

„Вашингтон пост“ вчера објави информација за извештај од внатрешна истрага на американската војска. На 2000 страници има многу разговори со војската. Некои ја обвинија Белата куќа дека ги игнорирала воените предупредувања и не ги охрабрила напорите на Пентагон да започне операции за евакуација пред Кабул да падне во рацете на талибанците. Војската вели дека имало хаос во организацијата на операциите за евакуација по напливот на барања за евакуација од различни локации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина