Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој од саботата е во изолација откако беше заразен со коронавирусот, денеска бил негативен на тестот за Ковид-19, изјави неговиот лекар Серкан Топалоглу, јави Анадолија.
Ердоган во саботата рече дека е позитивен на варијантата омикрон.
– ПЦР тестовите што ги направивме во последните два дена се негативни, рече Топаглу и додаде дека турскиот претседателот ќе се врати на работа многу брзо, „можеби дури и утре“.
Извор: МИА