Бербок од Тел Авив: Преговорите за иранската нуклеарна програма влегуваат во финалната фаза

Од:

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска во Тел Авив изјави дека преговорите за иранската нуклеарна програма влегуваат во финалната фаза и дека враќањето кон договорот меѓу западните сили и Иран овој регион ќе го направи побезбеден.

-Сакаме да направиме се што е во нашата моќ да обезбедиме овој договор да ја гарантира безбедноста на Израел, рече Бербок на прес-конференцијата по средбата со израелскиот колега Јаир Лапид.

Договорот за иранската нуклеарна програма, официјално наречен „Заеднички сеопфатен план за акција“ (JCPOA), беше потпишан во јули 2015 година во Виена од страна на Иран и „Групата 5 плус 1“, која се состоеше од пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН: Русија , Велика Британија, САД, Франција и Кина, плус Германија, како потписничка во името на ЕУ.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година унилатерално ги повлече САД од договорот што ја ограничуваше иранската нуклеарна програма. Во тоа време, САД воведоа санкции кон Иран, поради што Техеран продолжи да збогатува ураниум.

Обединетото Кралство, Кина, Германија, Франција, Русија и Иран од април минатата година почнаа состаноци во Виена, на кои индиректно учествува и САД, во обид да се заживее договорот.

Лапид, од своја страна, кажа дека тој и Бербок разговарале за преговорите и дека го претставил израелскиот став дека иранската нуклеарна програма „го загрозува не само Израел, туку и целиот свет“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски