Украина од Литванија ќе добие противвоздушни ракети

Од:

Украина за неколку дена ќе добие противвоздушни ракети Стингер од Литванија, најави литванската премиерка Ингрида Шимоните за време на посетата на Киев.

– Го зголемуваме бројот на воени инструктори во оваа земја и и обезбедуваме на Украина дополнително оружје и опрема. Противвоздушните ракети Стингер ќе пристигнат во Украина во наредните денови. Се надевам и искрено сакам Украина никогаш да не ги користи, истакна Шимоните.

Украина доби голема воена помош од земјите-членки на НАТО во изминатите неколку недели, а пристигна и одреден континент на војници, откако Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границите на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина