СДСМ: Ефикасна борба против криминалот, за три месеци запленети над три тона дрога

Од:

„Министерството за внатрешни работи во изминатите два месеци покажува одлични резултати во борбата против недозволеното производство и продажба на опојни дроги. Големи полициски акции резултираа со заплена на огромна количина на опојна дрога, прекурзори и психотропни супстанци“, соопшти СДСМ.

„Во периодот декември 2021, јануари 2022 и првите денови од месец февруари, запленети се над два тона марихуана, над еден тон психотропни супстанци за производство на метформин со вредност од над 50 милиони евра, како и седум килограми хероин во вредност од 300.000 евра.

Овие податоци се доказ за успешноста и ефикасноста на Министерството за внатрешни работи во борбата против трговијата со дрога и неселективна борба против секаков вид на криминал.

Со успешните реформи, зголемените плати, новите објекти и новата опрема, денес полицијата работи помотивирано и поефикасно и е вистински партнер на граѓаните.

Ефикасна, неселективна и бескомпромисна борба против секаков вид на криминал е врвен приоритет за СДСМ, за Влада и институциите што ги предводи“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата