Ана Андреева – новa раководителка на комуникацискиот сервис на Владата, функцијата ја презема од Забрчанец

Од:

Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија.

Андреева ја презема оваа функција од досегашниот Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес.

Ана Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор.

Како што информира прес службата на Владата, Забрчанец во наредниот период ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски