Приведен криминалец осуден на 12 години казна затвор

Од:

Вчера вечер, во 19.25 часот на улицата „Черења“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Специјална антитерористичка единица „Тигар” го лишиле од слобода 32-годишниот Е.М. од Штип, информира МВР.

– Тој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип заради бегство од установата. Тој e осуден на вкупна казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР