СДСМ: Арсовска ниту довршува наследени проекти, како изградбата на „Есенинова“ ниту реализира свои

Од:

„Данела Арсовска потроши три месеци од мандатот без да реализира свои проекти, но и наследени проекти кои се во поодмината фаза. Еден од нив е улицата „Есенинова“ проект започнат од претходниот градоначалник, а сега заборавен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Овој проект е исклучително важен за граѓаните на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар затоа што со оваа сообраќајна траса се поврзуваат булеварите „Борис Трајковски„ и „Трета Македонска Бригада“.

Изградбата на оваа улица ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот, но и ќе го намали времето за патување меѓу овие две општини.

За жал, како се што е од интерес на граѓаните и оваа улица не ја интересира градоначалничката Арсовска.

Оваа изградба требаше одамна да биде завршена, како и другите реконструкции на важни улици започнати од претходниот градоначалник.

Но, Арсовска наместо да довршува наследени проекти и да реализира свои, се посветува само на нивелирање шахти и партизација на администрацијата.

Арсовска и сите други градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ знаат да работат само на штета на граѓаните и за лични и партиски интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Парите на граѓаните мора да служат за јавниот интерес, а не за привилегии и лични уживања на власта

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија