СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да прекине да го валка делото на великанот Делчев

Од:

„Игрите и подметнувањата на ВМРО-ДПМНЕ се на штета на ликот и делото на великанот Делчев. Македонскиот национален херој Гоце Делчев не заслужил да го сведеме на политичка декларација!“, соопшти СДСМ

„Подметнувањата на ВМРО-ДПМНЕ очигледно имаат цели да отворат поделби меѓу македонскиот народ.

Нема да дозволиме да се понижува делото на великанот Делчев, ниту да држат лекции оние кои со бројни потези го срамат неговиот лик, кои го слават и величат Ќосето, Михајлов, Александров.

СДСМ и коалицијата нема да учествува во нивниот дневнополитички театар на кој единствена цел е да им помогне на оние центри кои не сакаат Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот