Во Австрија заразени се 21,7 отсто од невакцинираните и лицата кои досега немале коронавирус, покажа студијата на Министерството за здравство за бројот на асимптоматски заразени лица.
Тоа одговара на околу 400.000 луѓе на почетокот на јануари. Во текот на студијата биле анализирани антитела против коронавирусот на репрезентативен дел од популацијата.
Врз основа на околу 1.200 примероци на крв, утврдено е дека секој петти од вкупната популација никогаш не бил вакциниран или заразен со Ковид-19.
Тој удел бил 23,2 отсто за децата, а 20,3 отсто за 18-годишниците.
„Благодарение на оваа студија, го знаеме досега непознатиот број на заразени. Со 21,7 отсто, тој е релативно мал“, изјави министерот за здравство Волфганг Микштајн.