СДСМ: Данела Арсовска и неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да си ги платат сметките

Од:

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се толку неспособни што не можат ниту сметките да си подмират. Владата во делот на енергетстата криза веќе помага на граѓаните и малите потрошувачи“, соопшти СДСМ.

„Со навремени мерки Владата спречи голем ценовен шок и граѓаните се заштитени од превисоки цени за струја.

Данела Арсовска е време сериозно да ја ревидира својата улога во оваа енергетска криза и да земе нешто да работи.

Прво се прогласи ненадлежна за парно греење и скопјани го остави сами на себе. Интервенираше Владата, го презема и скопјани имаат парно.

Истата таа Данела Арсовска повторно се обраќа со нови барања за електрична енергија.

Како тоа нема пари за сметки а има за 109 партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата во Скопје?

Во услови на криза Данела мора да ги сведе непродуктивните трошоци на минимум“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он