303 сообраќајни прекршоци во Скопје, 156 санкционирани пешаци

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 303 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 156 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, 20 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 58 за непрописно паркирање, соопшти МВР.

Оттаму велат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он