Мехмедовиќ: За тестирање на учениците ќе биде потребна согласност од родител, маската останува задолжителна

Од:

По нова методологија ќе се прави скринингот за Ковид – 19 во училиштата, соопшти денес Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. Дел од тестовите кои се на располагање ќе се користат за скрининг, а останатиот дел за тестирање откако во одделението ќе се регистрира позитивен случај со цел оние што ќе добијат негативен резултат да останат на настава со физичко присуство.

„За учениците, дел од достапните тестови ќе се користат за проценка на преносливоста на вирусот во школски услови, а дел за таканаречено ’тест ту стеј’, тестирање за да се остане во училиште односно изложените ученици во одделенијата каде што имало позитивен случај да можат да се тестираат со цел да останат со физичко присуство доколку тестот е негативен. Методологијата за изведување на овој скрининг ќе биде поинаква. Ќе има малку поинаква динамика и ќе бидат потребни малку помал број тестови кои ќе покажат каква е актуелната состојба меѓу популацијата на возраст од шест до осумнаесет години, школската возраст која не интересира. Наскоро таа методологија ќе биде утврдена и многу наскоро, за краток временски период ќе ги имаме резултатите. Согласноста од родител за тестирањето треба да биде обезбедена“, рече портпаролот Мехмедовиќ.

Минатата недела претседателот на Комисијата Александар Петличковски извести дека за скринингот имаа на располагање 10 – 20.000 брзи тестови, чија прецизност за откривање на сојот омикрон е околу 50 отсто, но смета дека ќе бидат доволен показател за состојбата во училиштата.

До Комисијата не стигнало барање да се преиспита препораката за носење маски во училиштата откако дел од родителите бараат маската да не биде задолжителна. Портпаролот Мехмедовиќ нагласи дека Комисијата строго ги со следи ставот на Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола на болести кои препорачуваат маски во затворени простории за деца од 6 до 18 години.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски