Во Кан украден накит во вредност од 40 милиони евра

Од:

Во моментот кога во Кан на Азурниот брег, во хотелот Карлтон се одржуваше изложба на накит, едно вооружено лице успеа да ограби накит вреден 40 милиони евра, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според информациите кои беа пренесени од француските медиуми, грабежот се случил среде бел ден, поточно околу 11 часот и 50 минути, кога вооруженото лице влегло во хотелот Карлтон и успеал да одземе едно куферче, чија содржина е проценета на околу 40 милиони евра.

Накитот бил во сопственост на бижутеријата Левиев според името на израелскиот милијардер Лев Левиев со седиште во Москва, специјализирана за висококвалитетни дијаманти. Според весникот „Нис Матан“ изложбата започна на 20 јули и требало да трае до крајот на август.

За време на меѓународниот филмски фестивал во Кан, беше украден накит во хотелот Новотел, сопственост на марката Шопар во вредност од 1,4 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ