Анкета на Европската централна банка: Експертите ја зголемуваат проценката за инфлацијата во еврозоната во 2022 година

Од:

Економските експерти очекуваат годишната стапка на инфлација во еврозоната оваа година да биде три отсто, што значително ќе ја зголеми сегашната проценка, покажува редовната квартална анкета на Европската централна банка (ЕЦБ).

Во претходното истражување, објавено кон крајот на октомври минатата година, се очекуваше инфлацијата во еврозоната да достигне 1,9 отсто во 2022 година, според просечната проценка на експертите.

Во 2023 година би требало да се спушти на 1,8 отсто, а во 2024 година да остане повеќе или помалку стабилна, на 1,9 отсто, предвидуваат експертите во истражувањето објавено кон крајот на минатата недела.

Очекувањата за економски раст, според анкетата на ЕЦБ, се намалени за оваа година, а зголемени за 2023 година.

Оваа година, 19-члената економија се очекува да порасне за 4,2 отсто, што е за 0,3 процентни поени пониско од прогнозите во извештајот објавен во октомври минатата година.

За 2023 година, тие ја зголемија проценката за раст за половина процентен поен, на 2,7 отсто.

Дополнителни забавувања се очекуваат во 2024 година, кога се очекува економијата да порасне за 1,7 отсто, покажува анкетата меѓу професионалните прогнозери што ЕЦБ го спроведува на секои три месеци.

Последното истражување е спроведено од 7 до 13 јануари и се заснова на предвидувањата на 62 експерти, се вели во соопштението од ЕЦБ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто

Владата нема да интервенира со ограничувања на цените: Не е наша политика да се одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка

Катерина Ѓуровски

Трошоците на живот во јули на годишино ниво повисоки за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %

Инфлацијата во мај зголемена за 0,9 проценти во однос на април

„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

A1on