А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава против двајца струмичани поради изработка и употреба на лажна платежна картичка

by А1он28/07/2013 - 15:46151
Share0

Единицата за компјутерски криминал при Центарот  за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против две лица македонски државјани С.В. (22) и В.М. (32) двајцата од Струмица, за сторени кривични дела – „Изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по чл. 274-б и „Помагање“ по чл. 24 во врска со истото кривично дело.

Следете a1on на Instagram Instagram

Имено, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пријавениот С.В. откако претходно на Интернет прибавил банкарски податоци од брендирани вистински платежни картички и податоци за носителите на тие платежни картички-странски државјани од Соединетите Американски Држави, Канада, Аргентина, Франција, Мексико, Турција, Бразил, Австралија, Италија, Германија, Индонезија, Зимбабве и други со цел да се стекне со противправна имотна корист во периодот од два месеца (август-септември) 2011 година, извршил успешни и неуспешни нелегални трансакции во интернет трговија на македонски веб портали со што го сторил кривично дело – „изработка и употреба на лажна платежна картичка“, а второпријавената со ставање на располагање на средства за извршување на кривично дело – компјутер, му помогнала на С.В. во извршување на наведеното кривично дело.

По однос на овој случај, добиена е пријава од банка за извршени сомнителни успешни и неуспешни транскации, при што од страна на ЕКК се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лица коишто се инволвирани во вршење на нелегални трансакции, при што е утврдено дека се работи за пријавените лица. По обезбедени судски Наредби за претрес на дом и други простории извршен е претрес во домот на првопријавениот при што пронајдените и со потврда за привремено одземени предмети се одземени: еден компјутер, два хард диска и други предмети, а при извршен претрес во домот на В.М., пронајден е и одземен еден лаптоп и фактура за сметка од мобилен оператор за која било извршено плаќање со нелегални трансакции од платежни картички со странски податоци.

Одземената компјутерска опрема е предадена на Одделот за крим-техника на МВР, при што по извршеното вештачење пронајдени се податоците за платежни картички и голем број на кориснички имиња и лозинки од мејл адреси на странски корисници со потполни податоци, стои во соопштението од МВР.

Следете a1on на Youtube YouTube
mvr

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски12/10/2026 - 13:5412/10/2026 - 15:16

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 11:4709/10/2026 - 14:27

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео