Лукашенко се закани дека белуруската армија ќе дејствува исто како руската

Од:

Во случај Киев „да почне војна против Донбас“, проруски сепаратистички регион во источна Украина, белоруската армија ќе дејствува на ист начин како и руската армија, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во интервју за руски медиум.

– Ако тие (Украина) почнат да се борат против нас или против Русија, тогаш и ние ќе се бориме, бранејќи се, посочи Лукашенко.

Запрашан да прецизира како белоруската армија ќе се однесува во случај на воена акција против Донбас, тој одговори: „Исто како и руската“.

На прашањето против кого се насочени тековните воени вежби на Русија и Белорусија, Лукашенко одговори: „Ако треба, тогаш против Украина и против НАТО“.

Руски трупи почнаа да пристигнуваат во Белорусија кон средината на јануари за да учествуваат во проверка на силите за реакција во заедничка вежба што ќе трае од 10 до 20 февруари.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје