Директорот на ЈП Паркинзи Центар реагира на вчерашната вест на ТВ Сител, дека советниците од СДСМ донеле одлука за двојно поскапување на Пајак службата и за картите за деловни субјекти.
„Ако сакаа да ја напишат вистината можеа да се јават, мојот телефон е секогаш достапен. Како што ветив им стојам на располагање на новинарите за сите прашања“, вели Саша Богдановиќ.
Тој вели дека едногласно, советничките групи од мнозинството и опозицијата го изгласаа новиот ценовник на ЈП ПОЦ. За кревање на непрописно паркирано возило новата цена е 1.500 денари, а повластена карта за вработени во деловни субјекти е 800 денари месечно.
Богдановиќ потенцира дека новиот ценовник поминал едногласно и на комисијата за комунални работи и комисијата за финансии а никој од советниците не се јавил за дискусија и сите кренале рака за одлуката.
И додава дека оваа цена за Пајакот е со иста висина на Паркинзите на Град Скопје.