ВМРО-НП: Минималецот веднаш да се зголеми на 16.000 денари и да се договори ново покачување на 18.000 денари после шест месеци

Од:

ВМРО-Народна партија со внимание ја следи дискусијата помеѓу Сојузот на синдикатите, Владата и организацијата на работодавачи и во таа насока смета дека не е добро дополнитено да се заоструваат односите туку да се побара компромисно решение.

„Ценејќи ги тешките социјални услови зголемени со стапката на инфлација и порастот на цените, а од друга страна и не толку сјајната состојба на македонската економија ВМРО-Народна партија го дава следниот предлог.

Минималецот да се зголеми на 16.000 денари, веднаш, а во исто време да се договори ново покачување на 18.000 денари после шест месеци.

Се надеваме дека нашиот предлог ќе биде внимателно анализиран“, се наведува во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата против предлогот на СДСМ за измена на Законот за минимална плата

За зголемување на минималната плата ќе се дискутира в четврток на Економско-социјалниот совет

Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон, сакаме богати и среќни работници, порача Мицкоски

Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Го поддржуваме барањето на ССМ за зголемување на минималната плата на 450 евра

СДСМ: Не е до чергата, до приоритетите е, ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за работниците