Јункер: Грција не ја спроведе програмата договорена со меѓународните кредитори

Од:

Грција не ја спроведе програмата договорена со меѓународните кредитори од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, изјави претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер во интервју за германскиот весник „Шпигел“.

Очигледно е дека ќе чини повеќе пари, ако и дадеме на Грција повеќе време за реализирање на целите. Само откако тројката меѓународни претставници ќе го изработи својот извештај за Грција, ќе можеме да знаеме дали Европејците и фондот се подготвени да ги обезбедат тие пари, истакна Јункер.

Според весникот „Шпигел“ претседателот на Еврогрупата смета дека во септември ќе се знае дали Грција може да остане во еврозоната.

Би можело да ве интересира

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција