Во Турција 20.000 домаќинства и натаму без струја поради обилни снежни врнежи

Од:

Работниците се уште се обидуваат да ја оспособат електродистрибутивната мрежа за околу 20.000 домаќинства во централната турска провинција Испарта, кои веќе три дена се без струја поради обилните снежни врнежи кои предизвикаа прекини и дефекти на мрежата, изјави турскиот министер за енергетика Фатих Донмез.

Како што пренесува Хабертурк, „обилниот снег и снежните виулици предизвикале сериозни оштетувања на енергетската инфраструктура, поради што на почетокот без струја во провинцијата Испарта останале 113.236 корисници“.

„Работници од електродистрибуција работат на терен за да ја вратат енергијата во домовите на преостанатите 20.000 корисници“, рече министерот Донмез.

Од кабинетот на гувернерот во Испарта соопштија дека некои населени места и села се уште се без струја и потврдија дека работниците ангажирани за одржување на мрежата ги продолжуваат работите и поправките на далноводите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ