Над 30 илегални имигранти загинаа при бродолом на пат кон италијанскиот остров Лампедуза

Од:

Најмалку 31 илегален имигрант, меѓу кои девет жени, се удавиле во близина на либиското крајбрежје при обид да влезат во Италија, изјавиле преживеани имигранти, пренесуваат денеска италијанските медиуми.

Мал брод со 53 имигранти претрпел бродолом, при што 31 лице загинале, а останатите 22 преживеани ги спасил трговски брод што ги пренел до италијанскиот остров Лампедуза.

Според изјавите на преживеаните имигранти нивниот брод потонал по три дена на море. Приживеаните се државјани на Нигерија, Гамбија, Бенин и Сенегал.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски