СДСМ: Арсовска излажа дека ги исчистила депониите, диви депонии никнуваат низ сите скопски општини

Од:

„Во својот отчет градоначалничката Данела Арсовска ги излажа граѓаните дека во првите 82 дена од мандатот ги исчистила сите депонии во Град Скопје“, соопшти СДСМ.

„Додека Арсовска без трошка срам ги лаже скопјани дека подработува нешто, дивата депонија во Општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени.

Истата слика може да се види во секоја скопска општина, депониите не само што не се чистат, туку и секој ден се создаваат нови.

Единственото нешто што Арсовска во 82 дена од мандатот направи е поставување на мобилни тоалети, нивелација на шахти и партизација на градската администрација.

На целата јавност и стана јасно дека Арсовска е убедливо најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје.

Скопјани не заслужуваат ваква неспособна градоначалничка која знае само да бара оправдувања за своето неработење“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он