Хилари Клинтон се сретна со Хусеин Тантави

Од:

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска се сретна со претседателот на Високиот воен совет на Египет Хусеин Тантави, на вториот ден од својата посета на земјата, соопшти американската амбасада во Каиро.

– Тие разговараа за политичката транзиција и дијалогот меѓу воениот совет и претседателот Мохамед Морси, изјави висок функционер на американскиот Стејт департмент.

Американскиот државен секретар истакна колку е важно да се почитуваат правата на сите Египќани, вклучително на жените и малцинствата. Тантави најмногу се задржа на економските потреби на Египет. Тие разговараа и за плановите на САД за доделување на помош, нагласи претставникот на Стејт департментот.

Клинтон вчера се сретна со египетскиот претседател Мохамед Морси. Таа беше првиот официјален западен претставник, кој се сретна со Морси откако стапи на функцијата минатиот месец, како прв слободно избран претседател на Египет.

– Дојдов во Каиро за да ја потврдам поддршката за САД за египетскиот народ и за демократските процеси, изјави Клинтон.

САД се долгогодишен сојузник на Египет и секоја година доделуваат помош од 1,5 милијарди за Каиро, од кои најголемиот дел за армијата на земјата.

Клинтон ќе се сретне и со претставници на цивилното општество и бизнис секторот.

Се очекува вечер Клинтон да отпатува во посета на Израел.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски