СДСМ на средби со граѓани во Богданци и околината

Од:

СДСМ денеска е во Богданци и околината, а вчера ги посети Валандово и Валандовско односно селата Удово, Пирава, Миравци, како и Стар и Нов Дојран.

„И овој седми по ред викенд од работното лето на СДСМ се сретнуваме со граѓаните, ги слушаме нивните маки, но и нивните сугестии, предлози и идеи за решавање на проблемите. Се сретнуваме со различни целни групи, со млади, со спортисти, со пензионери, со чаршијата, најмногу од сите ни приоѓаат земјоделците кои ги имаат впрочем и најголемите проблеми во овој крај“, рече Ана Павлова Данева на прес-конференција во Богданци заедно со кандидатот за градоначалник Зоран Прочков.

Од средбите, Павлова Данева заклучокот е дека и централната и локалната власт не нудат решенија, дека нема инвестиции и дека граѓаните не гледаат светла иднина и затоа надежта ја гледаат во нивниот кандидат за градоначалник на оваа општина.

Прочков рече дека преку предлози, решенија и забелешки што ги слушнаат на средбите ќе ја исцртаат и програмата за локалните избори во Богданци. – Проекти и идеи има многу и тие не се направени или измислени во канцеларии, туку на секојдневните средби кои ги имаме со граѓаните во проектот „работно лето“, рече тој и додаде дека доколку ја добие довербата може да вети реализација на проекти во инфраструктурата и гасификацијата, како и отворање на нов откупен земјоделски центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он