Силно невреме во Франција, 30 повредени

Од:

Силното невреме кое го зафати гратчето Жуанвил (Горна Марна) во близината на Сант Дизие предизвика паѓање на голем шатор под кој беше организирана игранка, при што триесетина лица беа повредени од кои едно лице потешко, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според префектурата од Сант Дизие изутринава осумнаесет лица се наоѓаат на болничко лекување, од кои за еден седумдесет и петгодишен маж е ангажирана и животната прогноза. Шаторот паднал синоќа околу 21 часот по силниот дожд и ветер, департманот на Горна марна беше ставен во метеоролшка претпазливост, под која денес се наоѓаат уште пет департмани, од кои сите се наоѓаат на југот и центарот од Франција.

Вчера поради силното невреме беше во прекин и железничкиот сообраќај меѓу Пари и Бордо.

Во претпладневните часови над околу 130.000 домаќинства се уште се без електрична енергија по бранот на силен дожд и ветер кој ја зафати Франција по топлотниот бран, имено вчера во Колмар (Источна Франција) беа измерени 39 степени целзиусови.

Метеоролошката ситуација би требало да се стабилизира во текот на идната ноќ и утре изутрина.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт