Концерт на пијанистката Марија Ѓошевска на „Охридско лето“

Од:

Седумнаесеттиот ден од годинешното издание на „Охридско лето“ ќе го одбележи настапот на македонската пијанистка Марија Ѓошевска, која ќе одржи целовечерен соло концерт во катедралната црква „Света Софија“.

На програмата на вечерашниот концерт чиј почеток е закажан за 21 часот се дела за пијано на Франц Шуберт, Фредерик Шопен, Роберт Шуман.

Ѓошевска е еден од најистакнатите и најактивни пијанисти во Република Македонија со врвни професионални перформанси, виртуозност и изразита индивидуалност. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари.

Како солист и камерен музичар настапува на бројни реномирани меѓународни фестивали и на концертни подиуми низ Европа и светот. Редовно настапува како солист со Македонската Филхармонија, а значајни се и концертите со Дубровачки Симфониски Оркестар, Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија и фестивалскиот оркестар на меѓународниот фестивал „Охридско лето” во соработка со диригентите: Антон Нанут, Леонид Николајев, Патрик Штруб, Арилд Ремерајт, Јуриј Алиев, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев и др.

Член е на триото „ВАМ“ и пијано дуо со Елена Атанасовска. Ѓошевска е вонреден професор на ФМУ – Скопје. Има реализирано повеќе аудио и видео-снимки за МРТВ.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма