Аеродромските копнени служби и операторот за превоз на товар Свиспорт (Swissport) се погодени од кибер напад заедно со барање за откуп, кој времено доведе до прекин на некои системи, соопшти денеска операторот.
На аеродромот во Цирих вчера беа одложени 22 лета до 20 минути, истакна портпарол на аеродромот, додавајќи дека се уште нема податоци за денешните летови.
Хакерскиот напад почна вчера рано наутро и зафати ограничен дел од ИТ инфраструктурата на Свиспорт, се наведува во соопштението, додавајќи дека безбедносните тимови веднаш го откриле инцидентот, така што неговото влијание е значително ублажено.
Извор: МИА