Јанша: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е единствената позитивна перспектива за регионот

Од:

Проширувањето на Европската унија (ЕУ) кон Западен Балкан е единствената позитивна перспектива за регионот, што ги намалува причините за спорови и конфликти, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша.

„Со членството во ЕУ, прашањето каде се границите и кој беше во неповолна положба во минатото се турка настрана, а на преден план доаѓа заедничката иднина“, изјави Јанша за телевизијата РАИ 2.

Тој рече дека Словенија, кога станува збор за ситуацијата во Украина, заедно со другите европски земји, ја дели загриженоста за зачувување на мирот во источното соседство.

Според Јанша, Словенија и другите европски земји цврсто веруваат дека секоја земја има право самостојно да одлучува за својата надворешна политичка ориентација, вклучително и членството во ЕУ и НАТО.

Како што пренесува СТА, тој рече дека трети земји, во овој случај Русија, немаат право да стават вето на одлуката на еден народ за самоопределување.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ