Псаки: Заедничка воена вежба на Русија и Белорусија е јасна ескалација

Од:

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки денеска изјави дека заедничката воена вежба на Русија и Белорусија во близина на границата со Украина е јасна „ескалација, а не деескалација“.

Таа додаде дека воената вежба и потенцијалот на Русија да го прошири своето присуство до 30.000 војници во близина на белоруската граница со Украина е важен фактор „во процената на кој начин САД ќе ги поддржат и ќе соработуваат со другите НАТО партнери во регионот“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска пристигна во Белорусија за да ги провери подготовките за заедничка вежба меѓу руската и белоруската војска, што ќе се одржи кон крајот на овој месец.

Шојгу на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека двете земји планираат вкупно 20 воени вежби оваа година. Тој потенцираше дека Москва стои до Минск во отпор кон „деструктивната линија“ на Западот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија