Берлин и одговори на Москва: Претеравте

Од:

Германската медиумска компанија „Дојче веле“ има намера да преземе правни чекори за да ги оспори мерките на руските власти против неа.

„Мерките преземени од руските власти се необјасниви и претставуваат претерана реакција“, се вели во соопштението на генералниот директор Петер Лимбург.

„Официјално протестираме против таа апсурдна реакција на руската влада и ќе преземеме правни чекори за да ги оспориме најавените мерки“, се вели во соопштението на Лимбург.

Се посочува дека „Дојче веле“ ќе продолжи да емитува програми од Москва се додека не добие официјално известување за затворање на кореспонденцијата.

„Дури и ако на крајот мораме да го затвориме дописништвото, тоа нема да влијае на покривањето на настаните во Русија“, рече извршниот директор на медиумската компанија, истакнувајќи дека Дојче веле најверојатно ќе го интензивира известувањето за настаните во Русија после тоа.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“