Ле Пен ја финансира претседателската кампања со кредит од унгарска банка

Од:

Лидерката на француската ултрадесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен својата претседателска кампања ја финансира со кредит од 10,6 милиони евра, земен од една унгарска банка.

Претходно, Ле Пен се пожали дека има проблем со добивање на кредит во Франција.

Според РТЛ радио името на банката нема да биде објавено поради „клаузулата за доверливост“.

Во Франција предизборната кампања може да се финансира од членарина и донации на поединци во висина до 4.600 евра. По изборите, системот на паушален надомест на трошоците им овозможува на кандидатите и на партиите да вратат дел од потрошените средства во кампањата.

Ако кандидатите одат во втор круг тогаш добиваат 47,5 отсто од утврдениот лимит за трошење. Во 2017 година сумата изнесуваше 10,7 милиони евра.

Национален собир за време на локалните избори доби кредит од руската Прва чешко-руска банка во висина од девет милиони евра. по неколку години банката беше затворена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили