Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард денеска оцени дека геополитичките тензии се зголемени и дека влијаат на економските перспективи на еврозоната, навестувајќи за западните стравувања дека Русија може да ја нападне Украина.
– Ризиците за економските изгледи се „генерално избалансирани на среден рок“, рече Лагард.
– Иако неизвесноста околу пандемијата донекаде се намали, геополитичките тензии се зголемија, потенцираше шефицата на ЕЦБ.
Извор: МИА