Девојчето со даунов синдром за кое родителите на неговите соученици распишале петиција бидејќи не сакаат да учи со нивните деца, ќе посетува настава во специјална просторија во училиштето, во кое ќе биде сама со асистентка, информираат од Општина Гостивар.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, по изразената загрижженост на јавноста за случајот со ученичката со даунов синдром Ембла Адеми денеска го посети ОУ „Единство“ каде што таа ја следи наставата.
„Дојдов да се запознаам со проблемот, бидејќи вчера на ја видов социјалните мрежи загриженоста искажана од голем број луѓе и мислам дека секоја неволја има добра страна, и тука мислам дека е добро што населението се сензибилизира во овој поглед. Како општинска администрација мислам дека овие 4-5 години работевме посветено на овие деца и мислам дека се разликуваме од многу други општини и во однос на изградбата на објект за деца со посебни потреби и центзрог за аутизам“, рече Таравари.
Тој додаде дека одговорната за образование, Аслиан Снопче многу се погрижила за овие деца и дека е изненаден од моментот што нешто не е во ред.
„Затоа денес дојдов да ги ислушам сите и како што гледам, проблемот започна во декември кога имаше петиција од родители кои имаат деца во исто одделение со Ембла. Иако немаме обврска, ние како Општина обезбедивме лична асистентка за Ембла и според мојот пријател Илир, како родители, тие се презадоволни“, подвлече градоначалникот Таравари и додаде дека Општината има ангажирано и дефектолог кој во периоди кога се појавува некаква вознемиреност, работи со Ембла.
Илир Адеми, родителот на Ембла, е задоволен од одлуката и посакува случајот со неговата ќерка да биде последен во нашето општество.
„Го поздравувам градоначалникот кој беше посветен на случајот и му благодарам што се заложи за решавање на овој проблем, се надевам дека овој случај ќе се реши и овој случај ќе биде последен со овие деца и не само за мојата ќерка, туку за сите “, рече Адеми.
Средбата се одржа во специјална просторија во училиштето, подготвена за Ембла, која посетува неколку часови сама со својата асистентка.