Одреден притвор за битолчанецот кој се закануваше со убиства кон Јовески, Русковска и дипломати во Амбасадата на САД

Од:

Заканувачот кој на обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска преку писма им порача дека има намера да ги убие, доби 30-дневен притвор. Ова за „А1он“ го потврдија од Обвинителството, откако попладнево дадоа предлог за определување на ваква мерка. Надлежниот обвинител посочи дека притворот го побарал од судот поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. Па така, 56 годишниот битолчанец, од станица е спроведен пред судија на претходна постапка, а сега и во притвор.

Инаку, тој се сомничи за загрозување на сигурноста, но и за загрозување лица под меѓународна заштита, бидејќи писмо дека ќе го убие испратил и до Габриел Ескобар, помошник секретар во Стејт департментот на САД за надзор на политиката во државите на Западен Балкан, како и други американски дипломати. Заедничко за сите писма е што се праќани од поштата од Прилеп, а стигнувале до институциите каде обвинителите, секраторот и дипломатите се вработени.

За овој чин, прв јавно објави обвинителот Јовески преку Јавното обвинителство. Тој посочи дека преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот. Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување.

Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата. Нема информации дали осомничениот битолчанец има поврзаност со било каква организација.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

(ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра