Годишната инфлација во еврозоната на почеток од годината изнесува пет проценти

Од:

Годишната инфлација во еврозоната дополнително се забрза во јануари, достигнувајќи ново рекордно ниво над пет отсто, поддржана од континуираниот силен раст на цените на енергијата, покажуваат првите проценки на Евростат.

Годишната инфлација, мерена со Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, во јануари изнесуваше 5,1 отсто, надминувајќи го претходниот рекорд од декември 2021 година за 0,1 процентен поен.

Во јануари 2021 година, на почетокот на втората година од пандемијата, таа изнесуваше 0,9 отсто.

На месечна основа, потрошувачките цени во земјите што користат заедничка европска валута, се зголемија за 0,3 проценти, што е мало намалување во однос на декември.

Најголем придонес во зголемувањето на стапката на инфлација, имаат енергенсите на почетокот на 2020 година, со скок на цените од 28.6 отсто во однос на јануари минатата година, по речиси 26 проценти раст во претходниот месец. На месечно ниво пораснале за цели шест отсто.

Зголемени се и цените на свежа храна годишно ниво изнесува 5,2 проценти, како и цените на индустриските производи за 2,3 отсто. Исто така забележан е раст на цените на услугите на годишно ниво за 2,4 проценти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка