Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за утре претпладне закажал седница на Советот за национална безбедност, неофицијално е потврдено за подгорички Вијести.
Претходните две седници не се одржаа поради немање кворум, а според подгоричкиот весник, на утрешната седница нема да присуствуваат повеќето членови – вицепремиерот Дритан Абазовиќ, претседателот на Комисијата за безбедност и одбрана Милан Кнежевиќ и членот на комисијата Мевлудин Нухоџиќ, како и Министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ и министерот за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ.
Кривокапиќ и минатата недела двапати закажа седница на Советот, но и во двата наврати немаше кворум за одлучување. Абазовиќ и министерот Радуловиќ не присуствуваа ниту на денешната владина седница.
Извор: МИА