Со црна фантомка на лицето и женски хулахопки на рацете извршил разбојништво во продавница во Негорци

Од:

Основното јавно обвинителство од Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво казниво по Кривичниот законик.

Имено на 29.12.2021 година, осомничениот се маскирал со црна фантомка на лицето и со женски хулахопки на рацете и влегол во продавница на правното лице „Дием Груп“ во селото Негорци.

Со употреба на сила, вперувајќи нож кон вработената која седела на пултот за наплата, тој без збор ја отворил касата и одзел 15.900 денари во различни апоени.

Надлежниот јавен обвинител цени дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците/оштетените, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Би можело да ве интересира

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он