Најмалку три лица загинаа во експлозија на автомобил бомба пред зграда во која живеат службеници во турската амбасада во главниот град на Сомалија Могадишу, соопшти полицијата.
Полицискиот службеник Ахмед Мохамед изјави дека во експлозијата загинале еден сомалиски државјанин и двајцата напаѓачи, а други деветмина се повредени.
Во нападот се повредени двајца турски полицајци. Исламистичката група „Аш Шабаб“, које е поврзана со Ал Каеда, ја презема одговорноста за нападот.
– Муџахедински сили во Могадишу извршија операција, насочена против група турски дипломати во реонот на Ходан, објави „Аш Шабаб“ на својот Твитер профил.
Сомалија се обидува да заздрави по дведецениска граѓанска војна и безредиja со меѓународна помош и миротворци од Африканската унија и етипоиски војници.