Полска и Украина се договорија да изградат заеднички гасовод за да го зголемат снабдувањето со гас во источниот дел на земјата, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки по средбата со украинскиот колега Денис Шмигал во Киев.
„Разговаравме за проширување на капацитетот од запад кон исток, за изградба на гасовод што ќе овозможи проток на големи количини гас во блиска иднина“, изјави Моравјецки, додавајќи дека Полска е подготвена да и предаде лесни минофрлачи на Украина.
Претходно беше најавено дека Полска ќе и испорача на Украина беспилотни летала и муниција.
„Подготвени сме да и предадеме на Украина неколку десетици илјади артилериска муниција, системи за противвоздушна одбрана ГРОМ, лесни минофрлачи, како и извидувачки беспилотни летала и други видови одбранбени оружја“, рече Моравјецки.
Извор: МИА