Секој трет тестиран во Македонија е позитивен на коронавирус

Од:

Според последната статистика, минатата недела се регистрирани 11.916 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 38.518 земени примероци или секој трет тестиран бил позитивен на вирусот. Во Скопје и понатаму има најголем број на заразени. Минатата недела во Кавадарци имаше највисока, а во Дебар најниска стапка на зараза.

За една недела се пријавени 148 смртни случаи што е за 38,3 отсто повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од починатите се од Скопје и повеќето се на возраст над 60 години, се наведува во последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од почетокот на пандемијата, во Македонија починале 8.409 лица како последица на вирусот, а над 80 проценти од нив имале и други здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, дијабет, белодробни, невромускуларни, бубрежни заболувања и карцином. Починале и 13 лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 6.494 реинфекции, а 17 лица се заразиле по третпат.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, а бројот на активни случаи изнесува 13.628.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски