Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека соработката меѓу Велика Британија, Полска и Украина добива нов формат.
„Создаваме нов формат на политичка соработка во Европа меѓу Украина, Велика Британија и Полска“, рече тој на денешната редовна седница на Врховната Рада.
Се очекува сооодветните договори да бидат зајакнати денеска при посетата на Киев на премиерите на Велика Британија и Полска, Борис Џонсон и Матеуш Моравјецки.
Зеленски, исто така, рече дека дипломатската поддршка за Украина е на највисоко ниво од 2014 година. Во исто време, тој додаде дека неговата земја „ја цени поддршката од сите, но се потпира само на себе“.
Извор: МИА