Приведен разбојник од Гевгелија

Од:

Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против 34-годишниот Л.Ќ. од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, информира МВР.

– На 29.12.2021 околу 19.00 часот, пријавениот со закана одзел пари од дневниот промет во продавница во с.Негорци, гевгелиско. По преземени мерки од полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Додека, при претрес во просториите кои ги користел, извршен со судска наредба на 31.01.2022, исто така, биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, соопштува МВР.

Л.Ќ. бил лишен од слобода и во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР