СДСМ: Арсовска не сработе ниту еден проект, за 82 дена мандат успеа само да ја партизира градската администрација

Од:

„Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема сработено ниту еден конкретен проект. Изминаа 82 дена од нејзиниот мандат, а граѓаните на Скопје од Арсовска видоа само партизација на градската аминистрација и изземање од одговорност за своите надлежности, наместо решенија и проекти“, соопшти СДСМ.

„Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен. Универзалната сала требаше да биде обновена. Требаше да завршат и реконструкциите на десеттина улици.

Во отчетот Арсовска изостави неколку работи кои го одбележаа нејзиниот мандат и менаџерски способности: прекин на проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари. Целосно ги партизираше јавните установи и Град Скопје.

По првите 82 дена од мандатот, станува јасно дека Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби