Блинкен разговараше со Абас за реформите во палестинската управа

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во обид кон зајакнување на билатералните односи, телефонски разговараше со претседателот Махмуд Абас за потребата од реформи во палестинската управа, соопшти Стејт департментот.

Како што пренесуваат странските агенции, американскиот претседател Џо Бајден се обидува да ги поправи ослабените врски откако неговиот претходник, претседателот Доналд Трамп, ја прекина помошта за Палестинците на Западниот Брег и Појасот Газа и го затвори американскиот конзулат за Палестинците во Ерусалим.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс рече дека Блинкен и Абас разговарале за „потребата од реформи во палестинската управа“.

– Двајцата разговараа и за потребата да се подобри квалитетот на животот на палестинскиот народ, рече Прајс.

Абас му рекол на Блинкен дека Израел мора „да ја запре злоупотребата на затворениците и (…) задржувањето даноци“.

Израел во 2018 година почна да ја одбива вредноста на надомест за затворениците од даноците што ги собира во име на палестинската управа и ѝ ја префрла на месечно ниво.

Израел и САД веруваат дека финансиската компензација, која се дели месечно на затворениците, а меѓу другото и на семејствата на Палестинците убиени за наводни напади, поттикнува натамошно насилство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа