39 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Битола

Од:

Изречени се 39 казни за возачи кои возеле побрзо од дозволеното на територија на СВР Битола, информираат од Министерството за здравство.

„Денеска (31.01) во времето од 10-14 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 39 возачи. 15 санкции се изречени на територија на Битола, 12 санкции на територија на Ресен, по 4 на територијата на Прилеп и Македонски Брод, по 2 санкции на територија на Крушево и Демир Хисар.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози