Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица.
Десет починати лица се од Скопје на возраст од 49 години, 52 години, 59 години, 62 години, 67 години, 68 години, 70 години, 71 години, 85 години и 87 години, по двајца од Гевгелија на возраст од 67 и 75 години, Охрид на 79 и 86 години и Струга на 73 и 74 години и по едно починато лице од Битола на 84 години, Делчево на 75 години, Кичево на 86 години, Кратово на 29 години, Неготино на 56 години и Струмица на 82 години.
Како што известува Министерството за здравство сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, двајца од Кичево и по еден од Валандово и Тетово.
Починатите се на возраст од 56 до 81 година.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), 14 лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети, соопшти МЗ.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628.